[2s.mk-friends] [важно] Заедниците во 2013

Novica Nakov novica at on.net.mk
Tue Dec 4 08:44:46 UTC 2012


По примерот на составувањето на агендата за НСНД ова е 
вики страница на кое што може и е пожелно да се запишуваат 
идеи за тоа кои би биле out-of-the-ordinary активностите 
на 2с.мк и/или хаклабот.

http://wiki.spodeli.org/Предлог_програма_за_2013

Под out-of-the-ordinary се мисли на работи кои не се веќе 
длабоко вкоренети како активности (на пр. сподели знаење 
во сабота, нснд во охрид/струга).

Сите се добредојдени на напишат една или повеќе идеи. 
Сосема во ред е да напишете иста работа и во бара и во 
нуди (на пример, ако сте спремни токму вие да го правите 
тоа што мислите дека му фали на хаклабот). Исто така во 
ред е да се допишете себе си во поддршка на некоја идеја 
(и така да ја зголемите нејзината остварливост).

Како што била и праксата до сега 2с.мк обезбедува 
институционална рамка за проекти што произлегуваат од 
заедницата и се поврзани со слободниот софтвер и 
слободната култура и слично (т.е. ќе ставиме печат на 
проект, ако има доволно интерес за тој да се прави иако 
тој не бил баш меѓу приоритетите на 2с.мк).

Среќно.

-- ннвц


More information about the Ossm-members mailing list