[2s.mk-friends] Android часови

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Wed Jan 18 18:17:27 UTC 2012


Дечки,

Не го читате тредот и одговарате без да сте свесни за што се работи
целосно. Владан и Алекс организираат веќе втора недела часови за да им
помогнат на студенти со програмирање во C и C++. Помошта им е за
испитите на факултет поврзани со тоа. Студентите донираат пари за
хаклабот. Ова не е отворена редовна активност на хаклабот. Такви
активности се: Сподели знаење во сабота, gnu/linux прва помош во
понеделник, и програмирање во четврток и секако доколку има некој кој
што сака да организира некоја отворена активност било кој ден е повеќе
од добредојден да се пријави да го прави тоа.

Александар сакаше да организира иста таква вечер за оние
заинтересирани за андроид со цел да се помогне да се соберат
средства/донации за функционирање на хаклабот.

Се надевам дека нема да има забуни после ова.

Поздрав.
-- 
Арангел
xmpp/mail
ufo \o/ linux.net.mk
http://blog.spodeli.org


More information about the Ossm-members mailing list