[2s.mk-friends] SpodeliWifi подобрувања и нова верзија
Bojan Ilievski
drakuwa at gmail.com
Thu Jul 19 09:57:27 UTC 2012
On 07/18/2012 06:46 PM, Damjan Georgievski wrote:
>> Сето супер, само една комбинација не ми штима:
>>
>> Нов веб сервис - како шо треба + Имплементацијата е .NET;
>>
>> Колку шо се сеќавам оригиналното беше хостирано на lamp т.е. php.
>>
>> Претпоставувам после очекуваното консолидирање од страна на Боки, следен
>> чекор, ќе биде правењето на истиот сервис во php, couchdb и сл.
>
> да CouchDB ќе беше боље решение, со оглед дека веќе е решен проблемот
> на репликација на базата, а е HTTP/REST + JSON и лесно се користи.
> А има и бар 2 без пари хостинзи (и лесна репликација).
>
>
>
Здраво и од мене,
Еве се јавувам и може да потврдам дека бев исконтактиран прво, пред да
биде објавено било што на листа, а и претходно кога се видов последен
пат со Гемо, го правевме муабетот и во живо.
Кодот на првата верзија од SpodeliWifi беше катастрофа, но функционираше
како за прва верзија напишана во 2 дена и затоа ми беше мило што некој
се заинтересира да го среди. Јас конечно успеав да ја разгледам новата
верзија и може да кажам дека е супер и ќе ја објавам на маркет како
апдејт за тековната верзија, а моето репо на гитхаб нема да го мр'џам,
туку во ридми ќе додадам линк до новите репозиториуми.
А од друга страна, пред некое време и јас почнав нова верзија на
SpodeliWifi - ShareWifi (https://github.com/Drakuwa/ShareWifi) која што
треба да работи со CouchDB
(http://drakuwa.iriscouch.com/_utils/database.html?sharewifi), но за жал
моментално немам време да ја досредам. ShareWifi моментално може да
работи како обичен Wifi manager, односно може да скенира околни мрежи и
да се конектира на некоја од нив. Планирам да ги додадам
функционалностите од SpodeliWifi, односно синхронизација на локална база
со CouchDB базата, додавање на нови AP-а и слично, но незнам кога ке
имам време да го досредам тоа....
Епа толку од мене, па, се читаме кога ќе има нешто ново...
Поздрав
More information about the Ossm-members
mailing list