[2s.mk-friends] Hacklab dezurstva

Georgi Stanojevski glisha at gmail.com
Thu Mar 22 10:18:01 UTC 2012


Заклучно со оваа недела ќе помине една ротација од три месеци на
дежурни/домаќини во Хаклаб. Мислам дека одлично помина и треба да се
продолжи на овој начин.

Сега е време новите што сакаат да се стават, а тие што не сакаат да се
тргнат http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/Дежурства

Ако си на списокот дежурството за јавните настани е задолжително,
размисли си дали сакаш да бидеш дежурен и останатите да зависат од
тебе. Тотално е глупо настанот останал необјавен, Хаклабот останал
заклучен со изговори од типот леле ми испадна нешто, а те виделе во
град до 3 саат.

Мејлов од долу сеуште е важечки прочитајте го.

Јас како и до сега ќе ве потсетувам секој петок и понеделник дека сме
дежурни таа или следната недела.

2012/1/5 Georgi Stanojevski <glisha at gmail.com>:
> Го ажурирав викито за дежурствата во Хаклаб.
>
> http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/Дежурства
>
> - Ако некој не сака да биде дежурен нека се тргне веднаш!
> - Ако некој нов сака да биде дежурен нека се вметне веднаш!
> - Ако си на листата дежурството не е опционо туку е задолжително.
>
> - Задолженијата на дежурниот ги пишува таму и не се нешто комплицирани
> (објави, отвори, зачисти, затвори).
>
> Термините што се отворени за широк круг (во моментов Понеделник/Прва
> помош, Четврток/Програмирање, Сабота/Сподели знаење) мора да бидат
> редовно/континуирано објавувани на blog.spodeli.org и Хаклабот тогаш
> редовно да биде отворен. Објавувања на твитер дека хаклабот е отворен
> од твој акаунт не е дежурство. Договорања да се отвори Хаклабот на irc
> не е дежурство.
>
> За останати денови/ноќи не е битно може да се договараат по слободна
> воља или да бидат адхок.
>
> --
> Glisha


More information about the Ossm-members mailing list