[2s.mk-friends] why u no clean?

novica novica at on.net.mk
Mon Oct 15 20:57:10 UTC 2012


> Во четвртокот немаше никаква журка, а поимов за „журка“ веќе комплетно 
> го изгуби значањето и дури станува смешно во каков контекст се користи.


Јас бев во четвртокот во хаклаб и можам да потврдам дека од настанот за 
програмирање што се одвиваше во собата со проектор, моравме во неколку 
наврати да излегуваме и да ја затвораме вратата затоа што од другата 
соба доаѓаше преголема галама.

Не знам кој ја причинувал галамата бидејќи не препознавам гласови, и 
точно, можеби Newk не може да биде обвинет. Но и покрај тоа, неспорно е 
дека имаше нарушување на куќниот ред во горната смисла.

Дали зборот „журка“ има некакво посебно значење во однос на хаклаб може 
да се оценува само наспроти куќниот ред во хаклаб кон кој сите се 
сложиле, а не и кон генералното значење на зборот (во надворешниот свет).

-- 
ннвц




More information about the Ossm-members mailing list