[2s.mk-friends] why u no clean?

Blagoj Petrushev b.petrushev at gmail.com
Tue Oct 16 00:19:25 UTC 2012


Ми се чини дека шпион елаборираше премногу на тема нечисти чаши, тоа е
феномен кој подолго време постои и четвртокот не беше ништо поразличен
во тој поглед.

во четвртокот имаше програмска вечер. без оглед на тоа што програмата
претрпе промени, во работната просторија се програмираше. во даден
момент, за кратко време почна да се слуша гласна музика и силен џагор
од кујната.
 вратата на кујната требаше ние однадвор три пати да ја затвораме.

мојот заклучок е дека нередите немаат никаква врска со алкохолот ниту
со некаков куќен ред, туку само со пристојноста и обѕирноста дека во
другата просторија има редовна програма и јавен настан.

не можам да лоцирам поединечна одговорност.

шпион, одбивам да прифатам дека тоа што сме ја затворале вратата било
некакво си пасивно-агресивно однесување.

поздрав,
Баже


More information about the Ossm-members mailing list