[2s.mk-friends] why u no clean?

Damjan Georgievski penguinista at mail.net.mk
Tue Oct 16 05:44:33 UTC 2012


ќе одговорам кумулативно на целата преписка

On 11.10.2012 23:55, Misha Popovikj wrote:
> После „Програмски вечери“ еве како беше оставена „дневната соба“ во КИКА

Миша, праќање на вакви суптилни пораки на мејл листа не функционира. 3-4 
неизмиени чаши во хаклаб имало секогаш, оставени од секого. Проблемот 
треба јасно и гласно да се каже кој е и каков бил … (за тоа подоле) … за 
да остане во „институционална меморија“ :)

On 13.10.2012 16:52, Arangel Angov wrote:
 > Разбрав дека ова е резултат на праење журка во кујна од страна на
 > истиот човек што го предизвика минатиот инцидент.

Уфо, не си бил таму и многу е грубо да „разбереш“ и да обвинуваш еден 
човек од групата која била таму. Како одлучи дека баш Newk правел журка, 
а не Андреј, Шпион, Дода или некој трет.


On 14.10.2012 14:18, Andrej T. wrote:
 > Во четвртокот немаше никаква журка

Е сега за проблемот.

Од луѓето што биле таму вечерта добив друга приказна, а тоа е дека имало 
музика, пиво И се дигало *галама* - а немало компјутери. Тоа веројатно 
не е *журка*, но дефинитивно НЕ е сликата на еден хаклаб. Исто така, 
луѓето од соседната соба кои програмирале нешто, реагирале на галамата, 
но тоа било игнорирано.

За ова веќе имаме зборено. Хаклабот не е место за собиранки затоа што 
пивото во град е скапо или во кафичите не чини музиката, и додека не е 
забрането во хаклабот да ни биде забавано, тоа никако не смее да биде на 
сметка на главната причина на постоење на еден таков простор.

Треба на сите да ни биде јасно дека како ќе има се повеќе луѓе во 
хаклабот, така ќе мора сите да вложиме поголем напор и грижа хаклабот да 
е гостољубив за сите но и да не застрани од идејата за простор посветен 
на geek-овштината. Затоа што друг таков простор, нема да има.

Некои прости hint-ови (инспирирани од вчера):
- кога некои луѓе работат, не дигај галама (да не зборам за комшиите)
- не се уфрлај во збор додека други луѓе зборат
- ако го повишуваш тонот, веројатно веќе е прегласно


Конечно,
начинот на решавање на проблемите не е со ескалирање и дигање на 
тензијата - пошто тоа НЕ ги решава проблемите. Мене сеуште не ми е јасно 
како возрасни и разумни луѓе не сте успеале да се разберете на лице 
место, но ете…



ПС.

On 14.10.2012 14:18, Andrej T. wrote:
 > Само затоа што претходно имало некаков мини-инцидент поврзан со него

off-topic од мене. не очекувам дискусија за ова, НО мора да се каже.

претходниот инцидент никако не може да се карактеризира како „мини“ - се 
надевам на сите им е јасно тоа. Ако не, ќе збориме другпат.



-- 
дамјан



More information about the Ossm-members mailing list