[2s.mk-friends] why u no clean?

Misha Popovikj popmisa at gmail.com
Tue Oct 16 10:41:39 UTC 2012


> Поентата ми беше "јас, како држава, ќе редефинирам кој збор што значи"
> Редефинирање = бед, бидејќи после можеш суптилно да си ги користиш двете

Не е држава туку куќен ред. Куќен ред се носи бидејќи по дефиниција за
секој поим и за секоја пракса на однесување има различни сфаќања и
дефиниции. Значи, *мора* да има *еден* јазик за најмалиот заеднички
содржател а тоа е множество работи што *не треба* да се прават во
хаклаб. Тоа е „општествениот договор“ за воспоставување на каква било
заедница. Не постои заедница без барем минимално множество правила на
однесување. Тоа множество правила ги одредува значењата на поимите и
праксата.

>
> Туку, дали некој влезе во кујната да им каже на луѓето нешто слично на:
> "дечки, гласни сте и пречите за програмирање, why not continue во кафич or
> join us" ?

Да јас како дежурен ги направив и двете работи.

Но поентата е дека ради weird turn of events сега разговараме за
повеќе од една работа. Јас ја почнав нишката заради „чистота“ како што
стои и во предметот на првата порака. Не беше прашањето дали е прв пат
некој да остави ѓубре туку како дежурен мислам дека ми е должност тоа
да го направам. Сепак, мојата порака остана игнорирана се додека
Арангел не изреагира. Тоа за мене докажува дека било какви лепенки и
порачиња не делуваат.

Тоа дека ѓубрето се создаде како резултат на нешто што повеќемина го
дефинираа како „журче“ додава димензија на оставеното ѓубре. Но за
„журчето“ не сакам да разговарам по мејлинг листа туку на следниот
состанок на хаклабот.

Зошто не сакам да разговарам? Затоа што по мејл (јавно на листава или
во приватна комуникација) сите се чувствуваме посилни па и јас ќе се
почувствувам.

поздрав


More information about the Ossm-members mailing list