[2s.mk-friends] КИКА состанок октомври 2012

Goran Peoski goranpeo at gmail.com
Fri Oct 26 10:45:19 UTC 2012


Рационализацијата на одлуките е добар чекор кон објаснување на нивната
(јавна) намера и секако би ги подобрила извештаите за јавност.
Поотворено во секој поглед од моменталното, но не многу поблизу кон
проѕирното раководење (пробувам да преведам transparent governance).

Еден правилен MoM дава далеку подобар поглед кон начинот на раководењето,
постапката на носење одлуки и сл.

Да направам аналогија со софтверот и резултатите од извршувањето на тој
софтверот. Овде решенијата за правилникот се резултатите, а начинот на
нивното донесување е алгоритамот (кодот).
Да се додаде рационализација е само подобра шминка (повеќе графици, боја и
сл).

Што значи, да се пушти MoM (или еве еден аудио запис од долг состанок) е
аналогно на стенограм од собрание или увид на софтвер пред да се пушти да
одбере победник на тендер итн.

Аналогно, барањето за  MoM од постапката за носењето одлука е исто како и
барањето за отворен код на софтверот, а не само за поубави резултати од
извршувањето потенцијално затворен код.
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20121026/5900d7f3/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list