[2s.mk-friends] Хаклаб Курсеви

Damjan Georgievski penguinista at mail.net.mk
Tue Sep 18 19:15:41 UTC 2012


> http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/Курсеви
>
> Ако курсов се одржува во Хаклаб, ова е грешка. „Цена на целиот курс
> 3500 денари, цена на курсот без комплетче 2300“
>
> Сосема се коси со основниот принцип - Сподели знаење. Споделување на
> знаењето во Хаклаб мора да биде бесплатно и солидарно за да го потикне
> другиот да го стори истото со своето знаење што јас го немам.

Сподели знаење пак ќе постои, како и секогаш. Курсот нема да е (и не би 
смеел да е) на  штета на досегашните практики во хаклабот.

Од друга страна има 99 причини зошто нешто би се направило како 
„официјален“ курс, некои од првите што ми паѓаат на памет е поголема 
дисциплина и на предавачот и на слушателите.

Сепак цената и начинот како е срочен горниот текст е малку 
проблематичен како што си приметил. Но и опцијата да се продава само 
„комплетот“ е за мене проблематичен, пошто не е хаклаб sweatshop па да 
продава нешто што можеш да си го нарачаш од Кина. Да не зборам што ако 
препродаваш стока имаш и финансиски и друг ризик.

Според мене треба да има една цена за курс. На крајот од курсот го 
добиваш комплетот да си го носиш дома. Ако не ти треба, остави го во 
хаклаб. За цента од 3500 денари за 4 часа + комплет може да се 
дискутира (но боље не премногу).


> Ова е мое сосема необрзувачко мислење, јас нема да го држам курсот и
> реално мојот збор нема тежина како треба да се прави но сакав да се
> знае што мислам.

Не ти е потребен коментаров - сите мислења се необврзувачки, али е 
добро да се има консензус и разбирање до кои ќе се дојде со дијалог :)


--
дамјан



More information about the Ossm-members mailing list