[2s.mk-friends] GSoC промотивен материјал

Newk newkdukem at gmail.com
Mon Apr 15 20:28:47 UTC 2013


> Ќе ставам ја. Знаеме од прилика колку пари треба да збереме?

Мене ми кажаа од FedEx дека вредноста на пакетот го процениле од околу 70
евра. 18% од тоа плус лежарина од околу 1200-1500 денари = 2000-2500
денари.
Инаку, јас денес се јавив во царина и побарав за пратката, за да ми
одговорат дека неможат д аја најдат на мое име. После тоа ме реферираа
назад до FedEx за да ми го дадат бројот од пратката. Во FedEx ми кажаа дека
пратката не е на мое име, туку на МакЕкспорт (фирмата која била под кирија
во станот каде што е сега нашиот хаклаб). Исто така ми беше пренесена дека
чим е пратена пратката на фирма, има сосема различна процедура од таа кога
се праќа на физичко лице тоест дека неможе во никој случај да се избегне
царината.
Како и да е, јас сум на располагање кога ќе се соберат пари да се отиде до
Петровец. Исто така сметајте 150 денари исто ко да ги имам ставено во
конзервата.

П.С. Мене само ме чуди како успеале да зезнат FedEx вака и да ја стават
пратката на име на МакЕкспорт.

-- 
Nikola *Newk* Demerdjiev

One of many mindless mirrors
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20130415/166396a9/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list