[2s.mk-friends] Повик за локални координатори за НСНД настани
Aleks
aleks at slobodensoftver.org.mk
Fri Jan 25 01:27:41 UTC 2013
Здраво заедницо !
Како и секоја година, така и оваа година се планираат локални НСНД
настани, за да се задржи континуитетот !
За оние што незнаат што е НСНД посетете го викито -
http://wiki.spodeli.org/NSND
Оваа година истотака се продолжи со настаните во Куманово, Штип и
доколку има заинтересираност и Струмица.
Термините горе-долу остануваат исти :
Куманово - прв викенд на Март
Штип - почеток на Април
Струмица - Септември
За овие градови потребни се луѓе кои што ќе треба да го организираат
самиот настан. Организирањето се состои од изнаоѓање на место за
организирање на самиот настан - просотирија со интернет и струја и
изнаоѓање на место за преноќевање (доколку се преноќева во градот).
Ќе ги замолам оние кои што би можеле да придонесат до организирање на
НСНД во горе-наведените градови да пишат на листата, или луѓето што веќе
ги организирале настаните лани/преклани да потврдат.
Истотака би сакал да повикам јавно доколку некој би сакал да организира
НСНД настан во град што не е горе на листата да пише тука. Секогаш е
интересно да се посети нов град и да се запознаат луѓето од таму :)
Пример, јас би сакал да се одржи НСНД некаде во западна Македонија :)
Освен локалниве НСНД настани, за оние кои што незнаат, добро е да се
потенцира дека се организираат регионални-балкански НСНД-а и тоа,
1. НСНД Осијек - 14-16 Февруари (веќе има нишка за дискусија за одење)
2. НСНД Белград - средина/крај на Април
3. НСНД Охрид/Струга - средина на Јуни
4. НСНД Сплит - средина на Август
5. НСНД Моравица - средина/крај на Декември
Ги пишувам регионалните НСНД настани за да можат оние што планираат да
одат да си го испланираат времето од напред.
Поздрав,
Алекс
--
Aleksandar (Aleks) Lazarov
- Student at the Faculty of Electronic Engineering and Information
Technologies, section for Electronics, Radio Engineering and Signal
Processing
- Member of the Free Software Macedonia Organization
- Ham Radio operator (Z32AL)
- GNU/Linux user.
More information about the Ossm-members
mailing list