[2s.mk-friends] Состанок за КИКА - Сабота 6-ти Јули
Georgi Stanojevski
glisha at gmail.com
Sun Jul 7 12:26:13 UTC 2013
> На следниот состанок ќе биде донесена конечна одлука за моделот на
> функционирање на хаклабот и без понатамошно одложуање. Па, затоа ве
> замолувам да го искажете вашето мислење на темава.
1. Хаклабот е просторот. Без простор нема Хаклаб. За просторот се
плаќа кирија, данок, комуналии и тоа е некаде 18.000 денари месечно.
Ако се собираат повеќе пари се вложуваат во заедничка инфраструктура
што може секој член да ја користи а неможе да си ја допушти сам.
Во крајна линија не е многу комплицирано. Ако нема 15 луѓе што можат
да даваат 1200+ денари месечно или 10 луѓе по 1200+, 10 луѓе по 600,
од август нема да има Хаклаб.
За перспектива 1200 денари - две искачања во град, 600 денари - едно
искачање во Кафана. А Хаклабот со тие пари ќе функционира цел месец.
2. Минатиот пат имаше исто проблем и тогаш успеаа да се мотивираат
доволно луѓе и Хаклабот 2.0 функционира успешно повеќе од година и
пола.
3. Еве Google docs да се преброиме. Тие што имаат намера да доаѓаат и
плаќаат барем следните шест месеци нека се пишат. Формата е јавна, ако
некој сака да биде анонимен нека се пише таму со рандом име и нека ми
прати мене приватен мејл.
http://0.mk/hacklab_2013
(https://docs.google.com/forms/d/1jCwGpXo5iO7w1DaErb9njLHW00iILwthK6Jg6OOg5Fw/viewform)
5. Во текот на денов или утре ќе пробам да направам листа на луѓе што
претходно давале, да им се прати персонализиран потсетник.
4. Еве Хаклаб со 28 членови што сѐ има и прави за година и пола:
http://youtu.be/2Vg0D1teKRw?t=5m3s
--
Glisha
More information about the Ossm-members
mailing list