[2s.mk-friends] Состанок за КИКА - Сабота 27-ми Јули

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sun Jul 28 22:52:42 UTC 2013


2013/7/27 Andrej T. <andrejtrajchevski at gmail.com>

> Денеска од 18ч. се одржа закажаниот состанок и на него присуствуваа 12
> луѓе: Ана, Мите, Даме, Глиша, Дамјан, Дода, Гоце, Јованка, Висар, Миша,
> Баже и Андреј.
>
> Беа дискутирани неколку теми, меѓу кои и:
> 1. Кој модел ќе се избере за функционирање на хаклабот (1. Слободен
> Софтвер ќе се огради од функционирањето на КИКА и нема финансиски да
> учевствува; 2. Слободен Софтвер ќе го користи хаклабот како канцеларија и
> тој веќе нема да биде јавен простор)
> 2. Дали треба да се тргне забраната за пиење на алкохол во хаклаб
>
> За првата точка беше одбран надоградена верзија од првиот модел, односно:
> хаклабот останува јавен простор спонзориран од неговите членови, а Слободен
> Софтвер продолжува да учествува финансиски како член на хаклабот. Една од
> причините за избирање на овој модел е тоа што се увиде дека има доволно
> луѓе кои месечно ќе плаќаат за одржување на просторот и плаќање кирија.
>

Не сфаќам каква е улогата на 2с.мк во овој надграден модел?  Кој е
одговорен за просторот членовите кои плаќаат или 2с.мк? На чие име ќе гласи
договорот за изнајмување?


> За втората точка се одлучи следново: забраната за пиење на алкохол ќе се
> тргне, со напомена дека е клучно да се почитуваат останатите правила на
> хаклабот, односно во секој момент да биде јасно дека хаклабот не е место
> наменето за журки, пиење, галамење и пуштање гласна музика. Куќниот ред на
> хаклабот може да се најде тука:
> https://wiki.spodeli.org/КуќенРед-ПредлогПромени/
>

Оваа точка воопшто не била на дневниот ред, не знам како цело време истиот
муабет се провлекува, а побитни прашања не се решаваат.

Немам доверба дека ќе се почитуваат останатите правила од куќниот ред кога
единственото правило кое до сега требаше да биде почитувано, забраната за
конзумирање алкохол, не се почитуваше, од луѓе кои мислеа дека е многу
бунтовнички да се прекршуваат правилата од куќниот ред во хаклаб.

Како одеднаш сега кога има алкохол би се почитувале?
И зошто почитување на куќниот ред сега би било ОК?
Кој ќе биде одговорен за оние луѓе кои неможат да се владеат себеси под
дејство на алкохол?
Овие се битни прашања кои мора да се адресираат, ако ваков тип на забрана
после два сериозни инцидента, и скоро една година на сила, е отстранета?

Всушност прашањето со алкохолот е прашање на градење доверба во заедницата
на хаклабот. Денес е алкохол, утре ќе биде употреба на https, задутре нешто
многу посериозно. Ако неможе да имаме меѓусебна доверба, тогаш не знам како
ќе соработуваме како заедница. За мене впрочем тоа е побитното прашање.

Поздрав,

-- 
Igor
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20130729/d866823c/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list