[2s.mk-friends] Состанок за КИКА - Сабота 27-ми Јули

Georgi Stanojevski glisha at gmail.com
Mon Jul 29 07:33:26 UTC 2013


2013/7/29 novica <novica at on.net.mk>:

>> Слободен Софтвер продолжува да учествува финансиски како член
>> на хаклабот.
>
> Може некој да објасни како Слободен софтвер Македонија ќе биде член на
>
> Then again, ако има доволно луѓе зошто 2с.мк да биде и понатаму вклучена?

Член можда е несреќно избран збор.

https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AmCywBYg0v9WdEtjUXNKdk5GT0NPa2FiTWhFMGNmeWc#gid=0

Се дискутираше дека за потребите на документов и транспарентност на
финансии е убаво да се види дека немало доволно пари и дека разликата
досега ја покривал Слободен софтвер Македонија.

Беше кажано дека Слободен софтвер Македонија донел одлука финансиите
со кои располага (од хонорарите кои ги донирале членовите(*)) да ги
користи за функционирање на Хаклабот во моменти кога не се собрале
доволно пари од лични донации. Ваљда додека Слободен софтвер
Македонија не ја смени таа одлука, 2с.мк ќе помага во месеци кога нема
доволно луѓе. Според pledge-от овој месец тоа не би требало да се
случи следните шест месеци. Јас на први и десети во месецот ќе ги
потсетувам тие што дале ветување а не уплатиле да го сторат тоа.

Ако во месецот има доволно пари да се покрие кирија+комуналии Слободен
софтвер Македонија нормално дека нема да учествува во финансиите на
Хаклабот.

Пред сѐ, според мене, 2с.мк е критично да помага во функционирање на
хаклабот заради инфраструктурата која ја има т.е сметката во банка.
Таман се навикнавме да може лесно да се уплаќаат пари директно на
сметка.

Ако Слободен софтвер Македонија нејќе да биде вклучен во финансиите и
во договорот за кирија на Хаклабот треба да се повлече. Тоа е одлука
на 2с.мк.

(*) До 1 септември, Миша ќе проба да разраничи кои луѓе донирале од
своите хонорари на 2с.мк, кој потоа тие пари ги донирал во Хаклаб. Па
ќе ги прашаме тие луѓе (вклучително и 2с.мк) дали да продолжи да седи
дека 2с.мк ги покривал трошоците или лично луѓето.

--
Glisha


More information about the Ossm-members mailing list