[2s.mk-friends] SuperFounders: Предавање за Customer Development и следниот митап
Aleksandar Tasev
aleksandar.tasev at gmail.com
Mon Nov 18 18:21:53 UTC 2013
Здраво,
Како што најавивме минатата недела, во рамки на програмата
SuperFounders, утре го имаме предавањето за "Customer Development" на
Андреас <https://twitter.com/andreasklinger> преку google hangout
директно од Сан Франциско. По предавањето имате можност да поставувате
прашања.
За оние што не го познаваат, Андреас е познат експерт за стартапи,
футурист, продукт девелопер. Еве малку повеќе податоци за предавачот:
* http://klinger.io/
* http://klinger.io/post/39650373908/why-the-future-needs-a-brandname
* http://www.slideshare.net/andreasklinger
Учесниците во програмата треба да дојдат во 17:15 за да го прегледаме
напредокот на проектите, а од 18:00 почнуваме со Андреас.
Следниот митап се преместува наместо среда за утре од 19:00 и е отворен
за сите. Ќе го искористиме за дружење и кратка презентација за Startup
Metrics. Сметам дека вреди да се отвори темата и пред поширока публика,
бидејќи содржи суштински параметри кои ни помагаат да го следиме
продуктот низ различните фази. Имавме во Тирана панел на темава, и сакам
да споделам некои идеи што беа кажани.
Плус ќе споделиме новости после BkVF Tirana, AllWebМК и друго.
Поздрав,
Александар
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20131118/6a6914b0/attachment.html>
More information about the Ossm-members
mailing list