[2s.mk-friends] хаклаб, пари и недоверба

novica novica at on.net.mk
Fri Nov 14 23:20:20 UTC 2014


Денес дознав дека од фондот на КИКА недостасуваат околу 150 евра.

Тоа што се знае е дека од готовите пари што ги чуваме во КИКА некој го
зел горниот износ во изминатите 2 недели.

Во моментов не знам / не знаеме кој го сторил тоа, ниту какви биле
мотивите. Затоа оставам 48 часа (овој викенд) парите да се вратат -- no
questions asked, или ако тоа било случај, да се понуди објаснување дека
на пр. „парите ги зедов за да платам струја/вода за хаклаб“.

Ако тоа не се случи, мојот предлог е 2с.мк (организацијата што го има
договорот за закуп и се грижи за сите заебанции) е закупот на просторот
да се откаже заклучно со 31.12.2014.

*Просто: НЕ можеме да имаме заеднички простор ако не постои заедница.*

Во хаклаб сите оставаме важни, скапи, лични работи и имаме клучеви што
ротираат. Доверба мора да постои, а со ова довербата е нарушена. До сега
недостасуваа само некои алати за кои што беше пишувано и овде. Но, износ
како погоре е веќе пресериозна работа за да се занесуваме дека сѐ е ОК.

Ова го пишувам од позиција на основач на 2с.мк и основач на КИКА.

Бидете добри.


-- 
ннвц


More information about the Ossm-members mailing list