[2s.mk-friends] хаклаб, пари и недоверба
Aleks
aleks at slobodensoftver.org.mk
Sat Nov 15 13:36:45 UTC 2014
On 15.11.2014 14:08, Vladan Popovic wrote:
> +1, браво!
>
> Ако одлучите да продолжите со хаклабот рачунајте дека јас ќе дадам
> пари, ама само ако не ги чувате таму.
> Не би сакал да ме сфатите погрешно, ама мислам дека проблемот е што
> парите се чувале во јавен простор.
> Дежурниот не би можел цело време да прати што се случува. Секакви луѓе
> може да влезат, не може да се води сметка за секој што влага во
> хаклаб. Парите од друга страна може да се чуваат на неко друго место,
> не во јавен простор.
>
Поентата на Новица е дека треба да се има доверба. Дали ќе се работи за пари, лаптоп или клешта не е битно.
Сите работи што се таму, а особено сега парите конкретно припаѓаат на заедницата. Доколку некој се осмелил да
ги земе, значи ја повредил заедницата т.е. не постои доверба меѓу истата.
>
> Поентата е да се заплашат луѓето со поставување ултиматуми преку
> позиција на највисок авторитет?
>
Не верувам. Новица како и другите основачи и на 2с.мк и на КИКА, истите ги формирале со некои мислења на ум.
Пример на доверба, како една фундаментална работа што мора да постои во заедницата, за да функционираат
просторите како КИКА.
Доколку нема доверба -> Заедницата не функционира -> неможе да постои КИКА.
Денеска се случило 150 евра, утре некој може да остави лаптоп на брзање, што вреди многу-многу повеќе од 150
евра и може да го снема. Што тогаш ?
--
Aleksandar (Aleks) Lazarov
- Student at the Faculty of Electronic Engineering and Information Technologies, section for Electronics,
Radio Engineering and Signal Processing
- Member of the Free Software Macedonia Organization
- Ham Radio operator (Z32AL)
- GNU/Linux user.
More information about the Ossm-members
mailing list