[2s.mk-friends] Активизам за слободен софтвер, каде е?

Димитриј Мијоски dmjpp at hotmail.com
Fri Oct 21 17:41:48 UTC 2016


> Од: Димитриј Мијоски <dmjpp at hotmail.com>
> Испратено: вторник, 16 август 2016 13:39
> 1. Активизмот за слободен софтвер во Македонија последните 5 години опаѓа.
>    Почитта кон него е изгубена.
> 2. Квалитетот на софтверската индустрија во еден регион е толку добар колку
>    што е кванитетот на изработен слободен софтвер во тој регион.
> 3. За економијата на една држава, производството на:
>     - слободен софтвер е најдобро;
>     - на затворен софтвер кој останува во сопственост на креаторите е полошо;
>     - а целосно давање на правата т.е. аутсорсинг е најлоша опција.
>    За жал третава опција кај нас е многу популарна.

Размислував на оваа тема, правев по некои муабети ваму и таму и дојдов до
следниов заклучок:

- Слободниот софтвер во Македонија ќе почне да се развива оној момент кога ќе се
изнајде начин од него да се прави пари, односно тие што би го развивале би
заработувале за својот труд.

Првата помисла при „работа на слободен софтвер“ е дека тоа е хобистички,
бесплатно. И тоа е точно. И во САД и тука доста луѓе придонесле кон слободен
софтвер чисто како хоби. Сепак тоа не е одржлив начин, и тоа посебно не тука.
Економската ситуација во држава е таква што сите работници најчесто се платени
со некој релативен минимум во областа во која работат. Во ИТ тој минимум
е некаде 300 и кусур ЕУР. И сега, македонскиот програмер не може никако да си 
дозволи да троши време хобистички на слободен софтвер зашто ќе му се скратат и 
тие 300 евра.

Да повторам, не се работи на слободен софтвер зашто не се заработува од него.

Дали овој пат сум поблиску до вистината? Фрлете по некој коментар.


More information about the Ossm-members mailing list