[2s.mk-friends] КИКА 3.0 и разно

Lord of Life lord.of.your.lives at gmail.com
Tue Nov 21 12:56:25 UTC 2017


Хаклабот се сели.

Хаклаб 3.0 се наоѓа на Ул. Наум Наумовски Борче 38, 5ти спрат, стан
12, сива фасада помеѓу хотел Дувет и зградата Граве со поглед на
Партизанска.
Договорот е со траење од 1 година, кирија од 200 евра, плаќање на
секои 3 месеци однапред, депозит од една месечна кирија, плус
стандардни очекувани работи и почнува од Декември 2017.
Имаме клуч и процесот на преместување веќе го почнавме, со тоа што ќе
биде договорен еден камион за мебелот и ќе треба уште малку пати да се
оди со кола.
Претходниот сопственик беше фин и ни кажа дека немаме обврска да
кречиме или ја плаќаме сметката за вода кога пукнала цевка. Сите стари
долгови се подмирени, фала Дамјан.

Очекувајте дека:
1) Клучевите од стариот хаклаб, освен ако не се менува бравата (или е
наша), треба да се вратат.
2) Ситуацијата постои еден или лошо поделен point of failure за
постоење и функционирање на КИКА ќе се смени со организација и
документација.
3) Викито ќе биде ревидирано и користено за претходната точка, отом потом.
4) Ќе добивате периодични извештаи за генерално финансии (како што
правел Glisha) ((потсетник дека траен налог е кул работа)).
5) Во стандарниот распоред на настаните ништо нема да се смени или
додаде сега за сега.
6) Ќе аплицираме на вториот повик за ИПА грантови (линк на пад) и
други слични вакви кои ќе налетаат со благ песимизам. Mожеби GNOME ќе
ни дава 100 евра месечно, можеби убаво е само да се сонува.
7) Дефинитивно секоја фикс идеја ќе биде разгледана... од таму... ќе
правиме пиво во хаклаб, ќе растеме што ни текне (легално, побогу), ќе
има радиоаматерски клуб, ќе дрводеламе... (со надеж и благ оптимизам).
8) За секој невратен алат или книга, ќе најдеме замена, ќе купиме, ќе
донираме, повеќе од што треба.

Фала ви општо, а и за преселувањето, Алекс, Андреј, Висар, Владан,
Дамјан (пак за инает), Гоце, Гулич, Ковач, Новица, Њук (ти таму Никола
Демерџиев), Солза, Стама, Тино, Фау и сите што ги испуштам бидејќи ќе
ми се потроши мастилото.

Бидејќи мејловите завршуваат во спам ако имаат линкови, падот каде што
се документира селењето ќе го најдете на ирц логови.

Со факинг почит,
Христијан aka Lord_of_Life


More information about the Ossm-members mailing list