[2s.mk-friends] Извештај Дек-Фев
Hristijan Burmuzoski
lord.of.your.lives at gmail.com
Tue Mar 6 19:08:52 UTC 2018
Од кога се преселивме констатиравме дека не сме направиле лоша одлука.
Просторот е добар, сега и многу посреден и функционален. Минималните
проблеми со чешмата ќе ги решиме кога нема да штрчи кабел низ прозор.
Телекабел се бавни во врска со приклучокот и уште импровизираме за интернет.
Викито е голем зафат за кој веројатно ќе направиме настан и ќе го
средиме заедно. Веројатно и ќе поставам некаква верзија на текст
фајловите што ги користам за организација на КИКА на Github или слично.
Пиво ќе правиме од кога ќе одиме до Србија за Hackaday и ќе купиме
состојки. Fau рече ќе држи курс за електроника и ќе прави Галаксикика.
Уште играме D&D секој викенд. За други фикс идеи немаме толку
ентузијазам во моментов.
Дамјан ви прати покана, според член 37 од Статутот на Слободен Софтвер
Македонија, пратете ни предлози.
Киријата уште не чини 600 евра (40.000 денари бруто) на секои 3 месеци и
треба да ја платиме помеѓу 8ми и 10ти Март, преку УЈП од оваа година.
Виртус Елиас е фирмата што е управител на зградата.
Декември
- Виртус Елиас - 934 + 357 за вратата + 396 резервен фонд = 1687 денари
- Струја - 384 денари
- Вода - 275 денари
Јануари
- Виртус Елиас - 1073 денари
- Струја - 843 денари
- Вода - 306 денари
Февруари
- Виртус Елиас - 629 денари
- Струја - 595 денари
- Вода - 306 денари
Вкупно расходи за кирија и сметки - 40.000 и 6098 денари
Моментална состојба на сметката - 34.619 денари
Со почит,
Христијан aka Lord_of_Life
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: signature.asc
Type: application/pgp-signature
Size: 833 bytes
Desc: OpenPGP digital signature
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20180306/f26a2413/attachment.sig>
More information about the Ossm-members
mailing list