[Ossm-members] „OpenSuSE“ на Македонски
Igor Stamatovski
igor.stamatovski at gmail.com
Thu Nov 16 10:36:46 UTC 2006
Макар што мислам дека преведувањето на опенСУСЕ е во најмала рака
контровеерзно. Така што треба малку да размислиш а и ние да се координираме
пред да продолжиш со преведување. Така што моја препорака е да запреш со
преводите додека не се договориме со консензус.
Зошто е тоа контроверзно?
Затоа што Неоком е официјален дистрибутер за СУСЕ во МК, и сега најверојатно
ќе испадне ние повторно да има ја завршиме работата а на крајот Слободен
Софтвер Македонија и заедницата да не добие ништо од тоа.
Затоа подобро да ги преведеш оние ДРМ текстовите во меѓувреме а ние
официјално да контактираме со Неоком и да ги прашаме дали ќе донираат нешто
за ОССМ, а ние и онака за возврат ќе го локализираме опенСУСЕ.
Мислам дека повторно ќе се случи безобразно шлепање како со ОпенОфис 1.0. А
на ОССМ и се потребни тие средства за кампањи и ширење на знаењето во
јавноста за придобивките, за значењето, за моќта и важноста на слободниот
софтвер.
Ова беше мое мислење и организацијата сеуште не стои зад тоа.
--
Igor Stamatovski
Free Software Macedonia
____________________________
http://www.slobodensoftver.org.mk
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20061116/006e1227/attachment.html>
More information about the Ossm-members
mailing list